A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined variable: lastNews

Filename: controllers/page.php

Line Number: 134

Управување со Безбедност на храна :: DEL Solution

 

Новости

{NEWS_TITLE}
Објавено на: {NEWS_CREATED}

{NEWS_TEXT}...

{/lastNews}

Управување со Безбедност на храна

“Секој има право на храна, но граѓаните на Македонија имаат право на безбедна и квалитетна храна“

 

Безбедноста на храната е многу важна и се потенцира се повеќе и повеќе. Обезбедување на безбедноста на храната е во значаен пораст и е важен аспект во нашиот глобален пазар. Таа прави се повеќе наслови по медиумите. Прашањето е што можете да направите да ги избегнете негативните наслови по медиумите.

Може ли управувањето со безбедноста на храната да Ви помогне? 

Се разбира дека може, постојат повеќе системи за управување со безбедноста на храната кои може да Ви помогнат да ја сочувате компанијата просперитетна и профитабилна.

 

Предности на Системите за управување со безбедноста на храната

 

      Голема насоченост на добрата производна пракса

      Подобро искористување на постоечките ресурси

      Јасно дефинирани одговорности на персоналот

      Јасно дефиниран прозводствен процес и тек на производството

      Јасно дефинирана контрола на процесите

      Исполнување на барањата на законите и потрошувачите

      Поголема доверба кај купувачите и деловните партнери

      Маркетиншка предност

      Економски аспект – голема цена за небезбеден производ

      Намалување на ризик на судски постапки (постојат објективни докази)

 

 

HACCP                       ISO 22000:2005                     IFS                  PAS 200:2008

 

 GMP (Good Manufacture Practice)           GHP (Good Hygiene Practice)

 

 

НАССР (HAZARD ANALYSIS AND CONTROL CRITICAL POINTS)

 

НАССР (Hazard Analysis and Control Critical Points) или АОККТ (Анализа на Опасности и Контролни Критични Точки) е систем за управување, во кој безбедноста на храната се решава преку анализа и контрола на биолошки, хемиски и физички опасности почнувајќи од суровината, набавката, производството, дистрибуцијата и потрошувачката на готовиот производ.

Како систем НАССР е превентивна, структуирана и систематска техника за управување со безбеност на храна. Намената на НАССР системот е да врши контрола на процесите кои се утврдени, да ги контролираат и вреднуваат критичните точки кои се однесуваат на здраствената исправност на производот, со тоа и на безбедноста на потрошувачот. Целта на НАССР системот е да се произведе производ на најбезбеден можен начин проследен со објективни докази за тоа.

НАССР планот е проактивен. Не чека да се појават проблеми, туку ги предвидува состојбите и ја анализира јачината и веројатноста на случувањата во процесот. Во случај на вистински ризик – сите релевантни аспекти ( критични граници, активности на мониторинг, одговорни личности, корективни акции итн) однапред се дефинирани и испланирани.

 

ISO 22000:2005 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА

 

Интернационалната Организација за Стандардизација (ISO.org) создаде многу успешна и меѓународно прифатена норма, Систем за управување со квалитет ISO 9001, кој се користи низ целиот свет во над повеќе од 700.000 компании. Па, како потреба за меѓународен стандард за прехрамбената индустрија стана голема, ISO започна работна група за развој за Систем за управување со безбедноста на храната. Целта беше да овозможи и да го охрабри усогласувањето на повеќе национални и приватни стандарди и додаден е пристапот на Системот за управување со квалитет ISO 9001.

Почнувајќи со многу исти концепти како што е Системот за управување со квалитет, се менува фокусот на управување со безбедноста на храната и се вклучуваат Предусловните Програми (ПРП) и НАССР принципите доведе до она што е сега ISO 22000. Овој стандард може да се примени на секоја компанија во прехрамбениот синџир, од нива до продавница.

ISO 22000 го зема пристапот на ISO 9001, како систем за управување со квалитет, вклучувајќи ги хигиенските мерки од предусловните програми, и го додава НАССР принципите и критериумите.

 

Кои се барањата на ISO 22000?

 

Системот бара да се дизајнира и документира Системот за управување со безбедноста на храната. Стандардот содржи специфични барања кои се однесуваат од страната на ISO 22000. Oпшто земено стандардот се однесува на:

 

      Политика за безбедност на храната

      Поставени цели за водство на Вашата компанија, развиен од страна на раководството

      Планирање и дизајнирање на системот, и документирање на системот

      Евиденција на ефикасноста на системот

      Создавање на тим за безбедност на храната од страна на квалификувани поединци

      Дефинирање на процедури за комуникација

      План за вонредни состојби

      Проверка на раководството

      Обезбедување на соодветни ресурси за ефикасно функционирање на стандардот, вклучувајќи обучен и квалификуван персонал, доволна инфраструктура и соодветна работна средина за да се обезбеди безбедност на храната

      Пратење на НАССР принципите

      Следливост и идентификација на производот

      Воспоставување на систем на корективни активности и контрола на нескладен производ

      Одржување на документирани процедури за ракување за повлекување на производот

      Контрола на следење и уреди за мерење

      Воспоставување и идржување на интерни проверки

      Континуирано ажурирање и подобрување на ISO 22000

 

    
© Сите права се задржани | DEL Solution 2010