A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined variable: lastNews

Filename: controllers/page.php

Line Number: 134

Управување со Квалитет :: DEL Solution

 

Новости

{NEWS_TITLE}
Објавено на: {NEWS_CREATED}

{NEWS_TEXT}...

{/lastNews}

Управување со Квалитет

ДЕЛ СОЛУШН Д.О.О. на своите клиенти им помага во имплементација на системите за квалитет и ги подготвува да управуваат со квалитетот. Управувањето со квалитет им нуди на компаниите голема придобивка. Значително ја зајакнува организацијата, ги намалува трошоците, го подобрува имиџот и проактивно дејствува. Основната на една успешна и квалитетна компанија е во концептот клиентот и добавувачот да работат заедно за осварување на заедничка добивка.
 
Системот за Управување со Квалитет (СУК) може да се дефинира како:
“Збир на координирани активности и контрола на организацијата во насока на континуирано подобрување на ефикасноста и ефективноста на нејзините перфоманси.“

Главната доверба на СУК е во дефинирањето на процесите, со што ќе резултира со производство на квалитетни производи и услуги, а не во откривање на дефектни производи и услуги откако тие ќе бидат произведени.  
Имплементацијата на СУК во организацијата треба е да биде одлука на  врвното раководство. Целите на системот за квалитет мора да бидат јасно дефинирани, така што системот може да биде ефикасен.

Управувањето со квалитет содржи осум начела за управување со квалитетот, врз основа на кои се темели ефикасен, ефективен и адаптивен СУК. Тие се применливи во сите сектори. Осумте начела кои водат до целосен квалитет се:
     Фокусираност на клиентот
     Лидерство
     Вклученост на персоналот
     Процесен пристап
     Систематски пристап
     Континуирано подобрување
     Фактички пристап на одлучување
     Взаемно корисни односи со добавувачите

Дизајнот и имплементацијата на СУК може да варира во зависност од видот, големината и производите/услугите во организацијата. Системот за управување со квалитет е потребен во организации, без разлика дали се мали или големи, дали се фокусирани на производство или на услуги, дали се од приватен или јавен сервис. Може да бидат применети од организации со еден оддел до големни меѓународни корпорации.
Постојат најразлични методи за квалитетно подобрување во компаниите. Тие ги покриваат: подобрувањето на производите/услугите, подобрувањето на процесите и подобрувањето на човечките ресурси. ДЕЛ СОЛУШН Д.О.О. може да Ви помогне во имплементација на следниве методи и техники:
 
ISO 9001:2008 Систем за управување со квалитетот

CE знак        

TQM         ( Total Quality Management)

Six  σ      

Just in time

    
© Сите права се задржани | DEL Solution 2010